четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 40
home Општини

Сведоштво и детали за пожарот во Струмица

Сведоштво и детали за пожарот во Струмица

Попладнево пред 17:00 часот избувна пожар во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица. Густиот чад може да се забележи од далеку, а досега пожарот целосно го изгоре покривот на објектот.

Според граѓани, кои живеат во близина на поранешната касарна, пожарот избувнал пред 17:00 часот.

-Слушнав сирени од противпожарните и полициските возила и кога излегов видов дека гори најголемиот објект во касарната. Таму некогаш беа сместени повеќе стотина војници и се работи за навистина голем објект. Овој дел на касарната е препуштен на забот на времето и многу граѓани слободно се движат тука, рече Мошо Лазаревски.

Во гаснењето на пожарот учествуваат сите расположиви возила и сили на ТППЕ Струмица, а приодот кон објектот е целосно затворен од страна на полицијата.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а од пожарот големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија