вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Општини

Свадба во дворот на средно училиште „Гоце Делчев” во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Свадба во дворот на средно училиште „Гоце Делчев” во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Без разлика на неговата големина, нема ден а да не се појави некаков скандал поврзан со работата на власта предводена од СДСМ, без разлика дали станува збор за централната или локалната.

Последен пример денеска го имаме во Куманово каде во дворот на средното училиште „Гоце Делчев“ организирана е свадба. Граѓаните велат дека ова досега не е видено.

На фотографиите и видео снимката кои стигнаа до редакцијата на Курир, може да се види како во дворот на средното училиште организирана е прослава со гласна музика и оро.

Кумановчани прашуваат кој ќе ја плати струјата која е земена од средното училиштето, за потребите на оваа прослава.

Тие велат дека не е единствен проблем само тоа кој ќе ја плати струјата, туку и тоа што ова училиште се наоѓа веднаш до градинката „Ангел Шајче“. Имено, гласната музика на која се веселат луѓето во дворот се пушта во периодот кога дечињата во градинката легнуваат да спијат.

Инаку, ова не е прв случај каде што во општина предводена од СДСМ, училишниот двор да се користи за приватна прослава.

Верски обред и приватна прослава во основното Крсте Петков Мисирков во скопска Гази Баба. Ден по прославата, екпата на телевизија Алфа повторно отиде до училиштето каде вчера беше набркана од организаторите на сунет и прослава.

При наредната посета тие биле погостопримливи, кога и извадија документ потпишан од градоначалникот Борче Георгиевски за кој велат дека е дозвола за одржување на ваков вид на настани. Организаторите на прославата велат дека се чисти, дозвола си добиле и затоа таму го прославиле сунетот, а по завршување на прославата си го исчистиле и училишниот двор, објави Алфа телевизија.

Ова не е прв пат во образовна институција да се извршува верски обред или приватна прослава. Пред само два месеца, во основно училште во Радовиш кое исто така го носи името на Крсте Петков Мисирков во училишната менза по повод верскиот празник Рамазан, Оџа вршеше верски обред пред почетокот на ифтарската вечера.