вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Општини

Струмица поплавена од река од маски

Струмица поплавена од река од маски

„Време е! Нека почне Струмичкиот карневал“, објави кралот и почна карневалот.

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал.

Пред голем број граѓани, премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, повеќе министри во Владата, амбасадори и гости од земјава и странство, но и пред стручното жири, карневалските групи буквално експлодираа во своите настапи и со своите креации.

Почна да тече непрегледната колона од маски и костуми, кои под светлината на прекрасниот огномет уште еднаш потврдија дека вековната традиција на волбшеството под маски на градот под Царевите Кули од година во година ги поместува границите на креациите на учесниците.

Први на големата сцена стасаа членовите на Кернвелската група „Ефтимови“ со маската „Чувари на традицијата“. За својот настап и 25 години учество на Карневвалот од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов добија медал.

Веднаш по нив учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица дојдоа со маската „Џунгла во Струмица“. И навистина направија „џунгла“ со своите креации и настап.

-Маската ја работиме повеќе од три месеци. Во изработката учествуваа сите наставници и голем дел од учениците и навистина е гордост да се биде тука и да се почувствува среќата на карневалот, рече професорот Васко Пиличев.

Откако џунлата замина и се врати во Африка настапија „Златните потковици“, а по нив италијанската паста претече во Струмица преку „Струмичките шпагети“ на учениците од ОУ „Видое Подгорец“.

Како на филмска лента се редеа „Шареента Лена“ на Цветко Багашевски, па Газелите од Радовиш се претставија со „Танцот на кабаутерите“ и така во недоглед по струмичките улици исполнети со каревалисти.

-Во Струмица се слеа милион бои сите претворени во една-карневалска, рече еден гостин од Бугарија.

Вечерва низ улиците на Струмица ќе поминаат 47 маски во различни категории, со околу 2 илјади учесници.

Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на Прочка, со одржувањето на Детскиот карневал.