понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 60
home Општини

Струга, после палењето трски почнаа градежни активности

Струга, после палењето трски почнаа градежни активности

Во непосредна близина каде што минатата недела беше запален дел од појасот со трска на потегот помеѓу Струга и селото Калишта, на просторот има градежни работи, објави Алсат. Се бетонира, се тампонира земјата и се поставува ограда. Засега нема информации дали овие активности покрај самиот брег на езерото се вршат законски. Алсат се обиде да добие став од првите луѓе во општината Струга, но безуспешно.

Од невладината организација „Извиднички одред“ стравуваат дека зад случаите со палење трски се крие економски и градежни интереси покрај езерото.

„… Како што се наближува градежната и летна сезона така се почесто до палење на трските, уништување на трските…. Последната пријава која е поднесена од наша страна беше во април 2018 година кога на ист начин и во сличен период почна да се уништува појас трски кој после уништувањето никнаа нови градби“, рече Марјан Главинчески – Извиднички одред Крсте Јон, Струга.

Реагираа и од невладината организација „Охрид СОС“.

Охрид СОС:

…Максимално се користи секој момент, имајќи ја предвид најавата на Владата дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво. Не се знае кој узурпира, кој гради…“

Попладнево градоначалникот Рамиз Мерко за дел од медиумите во Струга изјави дека се работи за приватен имот. Според него, се уредува простор кој бил запуштен, а за трската вели дека се палела секаде за да може да се обработуваат нивите.

Коронавирус