сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 39
home Општини

Страшевски: Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта

Страшевски: Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта

Вчера Гостивар беше сведок на уште еден преседан, кој секојдневно го манифестираат моќниците од власта, истакна Лоран Страшевски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

-Имено, пратеникот во Собранието на Република Македонија од нашиот град, ја покажа својата бруталност врз наш граѓанин, само заради тоа што не го тргнал возилото. Сведоците со чудење раскажуваат, за едно неверојатно однесување на претставник од народот, чии гласови му ја довериле високата позиција на која се наоѓа. И уште повеќе, таа бруталност да ја покаже во присуство на малолетно лице, ќерка на жртвата, на која покрај физичка, му е причинета и материјална штета на автомобилот, рече Страшевски и додаде:

„Се прашуваме кој ни ја води државава? Кој не претставува во највисокиот дом и на кого му се дава имунитет? Зарем граѓаните треба да се плашат кога ќе видат пратеник или било кој претставник од власта, кои наместо да им помагаат и да им ги решаваат проблемите, да се повикуваат на сопствениот имунитет и да изигруваат локални шерифи? Апсолутната власт, апсолутно расипува. Истото се случуваше со Курто Дудуш, со синот на Хари Локвенец и уште многу други примери“.

Упатуваме апел до институциите кои се одговорни, подвлече тој, да преземат соодветни мерки и што е можно поскоро да се разреши настанот, бидејќи револтот меѓу гостиварчани е голем.

-Да не се дозволи случајот да се прикрие, бидејќи никој не е над законот, а најмалку оние кои треба да бидат пример за почитување на правна држава. Слободата на движење на граѓаните никој не може и не смее ја одземе. Господа, претставници од СДСМ, да се води држава е сериозна работа, а вие тоа за жал три години не можете да го сфатите. Бараме правда за нашите сограѓани!

Најнови вести

Коронавирус