вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 66
home Општини

Стојменовски: Квалитетна вода за пиење и развој на туристичкиот локалитет Голак

Стојменовски: Квалитетна вода за пиење и развој на туристичкиот локалитет Голак

Ова предизборие е единствена можност во која можеме, заеднички да одлучиме за нашето Делчево. 17-ти октомври е денот кога сите заедно ќе одлучиме во кој правец ќе се развива нашата општина. Јас лично верувам во секој од вас дека ќе ја препознае вистинската опција која ќе донесе промени, проекти и победи, изјави на денешната прес конференција, Николчо Стојменовски, кандидат за градоначалник на општина Делчев.

Тој истакна дека цврсто стои зад се она што го нудар во нивната предизборна програма, која е составена од проекти од сите области.

-Обезбедуваме квалитетна вода за пиење за секој дом. Обезбедуваме сообраќајно поврзување за секој дом во Делчево и изградба на сите улици во централно градско подрачје. Развој на туристичкиот локалитет Голак.Сето она што претходно го споменав, ќе биде реализирано во наредните четири години со една единствена цел: подобар живот за секој од нас, посочи Стојменовски.

Кандидатот повикува да се заокружи број 7, затоа што Делчево заслужува посветена работа, визија и успех.

– Да го направиме секојдневието поведро, а иднината поизвесна. Делчево заслужува да биде успешна општина, затоа на 17-ти октомври заеднички да ја искористиме таа можност. Да заокружиме број 7 и да создадеме нова иднина за Делчево, додаде Стојменовски.

Коронавирус