четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Општини

Стојаноска: Во Модуларната болница во Гостивар нема кислород за пациентите со коронавирус (ВИДЕО)

Стојаноска: Во Модуларната болница во Гостивар нема кислород за пациентите со коронавирус (ВИДЕО)

Од  општата болница во Гостивар вечерва видео објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Застана покрај инфективното одделение и модуларната болница да ги покаже условите во кои се лекуваат пациентите со коронавирус.

-Моите информации кои доаѓаат од вработени во општата болница во Гостивар говорат дека денес во инфективното одделение поминати се вкупно 21 пациент заболен од Ковид 19 од кои што 11 биле тешки случаи. И двете одделенија се преполни со пациенти, но загрижувачки е тоа што Модуларната болница во Гостивар е без кислород, истакна таа.

Целото нејзино обраќање погледнете го во видеото подолу:

Коронавирус