сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Стагнира интересот за вакцинација во Македонски Брод

Стагнира интересот за вакцинација во Македонски Брод

Како и во повеќето градови во земјава, така и во Македонски Брод последните триесетина дена стагнира интересот за вакцинација против Ковид-19 и далеку е од периодот пред три месеци кога интересот кај граѓаните беше многу голем.

-Во нашиот Здравствен дом последниве три седмици се бележи стагнација во интересот за вакцинација против Ковид-19.Сепак и покрај ова сознание во нашиот Здравствен дом со прва, втора или трета доза досега вкупно се имаат вакцинирано околу 13 000 граѓани, што е висока бројка ако се има во предвид големината на општината и на градот Македонски Брод, вели Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски Брод, кој нагласи дека според бројот на дози потрошени од почетокот на вакцинацијата предничат кинескиот „Синовак“ и американскиот„ Фајзер“.

Од почетокот на вакцинација на крајот на април до денеска, посочи тој, водечки според бројот на вакцини со кои се имунизирале жителите на нашата општина се кинески „Синовак“ со 3 400 дози прва вакцина и американскиот„ Фајзер“ со 2 700 дози.

– Далеку зад нив се британската„ Астра Зенека“ со 300 први дози и кинески „Синофарм“ со само 200 дози.Од почетокот на вакцинација со трета доза во нашиот Здравствен дом се вакцинирани 30 лица претежно здравствени работници. Последниве неколку дена повеќе граѓани не контактираат и бараат наше мислење дали да се вакцинираат со трета доза или не и тоа е важен предзнак дека наскоро ќе се зголеми бројот на имунизирани лица со трета доза, додаде Симески.

Коронавирус