сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 36
home Општини

Спротивно на закон, се отвара избирачкиот материјал: Дали е ова обид за изборна манипулација во Куманово? (ФОТО)

Спротивно на закон, се отвара избирачкиот материјал: Дали е ова обид за изборна манипулација во Куманово? (ФОТО)

Во моментов од терен во населба Ајдучка Чешма во Куманово, наспроти штабот на СДСМ, во просторија за гласање се отвара избирачкиот материјал, кој според закон треба да биде отворен утре наутро, кога почнува гласањето.

Kaко што се гледа на фотографиите, иако избирачкиот материјал денес НЕ СМЕЕ да се отвори и истиот според закон треба да биде наутро уредно отворен и пребројан од страна на избирачкиот одбор, сепак кутијата се отвара денеска.

Дали е ова обид за изборна манипулација која што треба да резултира со измама во изборниот процес во Куманово?

Правилникот за избори строго налага правила кога и како се отпечатуваат и симнуваат пломбите и капаците на избирачките кутии, кога и како се пребројува материјалот и кој е овластен да го прави тоа и во чие присуство.

Коронавирус