петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Општини

Советникот Усеини гради бетонска база без дозволи, никој не го чепка

Советникот Усеини гради бетонска база без дозволи, никој не го чепка

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, гради и бетонска база на охридското крајбрежје. За оваа градба, Усеини ги нема потребните дозволи кои треба да бидат издадени од Општината, но и останатите надлежни институции, јавува А1он.

Досега, нема одлука за издавање на еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина.

Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. Иако Општината и градоначалникот Константин Георгиевски знаат за овој објект подолго време, тој и натаму се гради без проблем.