недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 71
home Општини

Советниците од Беса и Алијанса на Албанците ја напуштија седницата на тетовскиот Совет

Советниците од Беса и Алијанса на Албанците ја напуштија седницата на тетовскиот Совет

Советниците на Беса и Алијанса на Албанците ја напуштија работата на Советот на општина Тетово на денешната 25-та седница откако предложено беше да се избираат членови на надзорниот и управниот одбор на новото јавно претријатие „Тетово транспорт“. Тие се противат на предлозите членови да бидат од редовите на партиите кои го сочинуваат мнозинството.

-Проблематично е што предлогот што го добивме денес,а не неколку дена пред седницата. Сметаме дека не треба да има членови на партиите од мнозинството на Советот во надзорен и управен одбор на претријатието бидејќи досегашната практика покажа дека во такви случаи јавните претријатија секогаш работи непрофесионално и со загуби, истака Бесарт Дурмиши советникот од Беса.

На самиот почеток од седницата претседателот на Советот, Беким Мемети информираше дека сите советници ќе добијат преносни лап-топ компјутери кои по завршување на мандатот треба да ги вратат. Советниците го прифатија извештајот за работа на полициската станица за општа надлежност Тетово за првите шест месеци од 2019 година.

Согласно законските промени во образованието, се констатираше престанување на мандатот на по двајца членови на училишни одбори по предлог на Советот како основач и именување само по еден член. Советот ги усвои годишните програми на сите оптиштински училишта за учебната 2019 /2020 година.

Коронавирус