недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп побараа слобода за патриотите и бесплатен превоз за пензионери, студенти, социјални категории

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп побараа слобода за патриотите и бесплатен превоз за пензионери, студенти, социјални категории

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и денес не присуствуваше на работата на Советот на Општина Прилеп од на сите нас добро познатите причини, а тоа е неоснованиот притвор за уставобранителите од настаните во Собранието на РМ на 27 Април.

(Во продолжение интегрален текст од соопштение за јавност на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп)

Иронијата е денеска уште поголема со тоа што од денес на сила влегува Законот за амнсестија и со истиот се ослободуваат лица со правосилни пресуди кај кои е утврдена вина, а во затвор седат граѓани кои си ја бранеа државата. Дали Хунтата ги празни затворите за да има место за уште невини граѓани кои ќе ги пополнат испразнетите места?

На дневниот ред на денешната седница од страна на Советот по предлог на ЈП ПУП се носи одлука со која се воведува бесплатен превоз на пензионери секој ден од 9 до 11 часот кој е уште еден доказ дека граѓаните се повторно излажани и тоа само за добивање на гласови и седнување во удобните фотељи.

Кој пензионер ќе го користи Градскиот превоз во ова време? И дали Одлуката ќе важи за лица кои навршиле 62 години за жени односно 64 години за мажи а не исполниле услов за пензионирање или пак за лица кои го оствариле законското право за пензионирање а немаат 62 односно 64 години?

Можеа, ако работат во интерес на граѓаните да воведат во одредени денови, како што имаше во нашата програма, целодневно бесплатно возење за овие граѓани. Но не, истите само се служат со манипулации за да ги прикријат лажните ветувања кои ги дадоа пред граѓаните на последните избори.

Истовремено ја информираме јавноста дека ова претпријатие нема распишано тенедер за набака на нафта, па прашуваме како ја набавуваат истата?

Истото се случува и со, на голема врата најавуваните проекти, градба на нов театар, Здравствен спортско – рекреативен центар со покриен базен во сала Македонија, рекреативен центар на Вештачкото езеро за кои нема предвидено ниту денар во општинскиот буџет. Потенцирам: Ова е само политика.

Демек воведуваат бесплатен превоз за пензионери и тоа од 9 до 11 часот! Но сето тоа е само е само фарса позната за СДС. Граѓаните се повторно излажани!

Коронавирус