сабота, 28. март 2020. Вести денес: 111
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на претседателот на Совет на општина Велес

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на претседателот на Совет на општина Велес

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за подобра Македонијa во Велес денес одржа прес-конференција.

-Сакаме да ја информираме велешката јавност за уште едно скандалозно водење на седницата на Советот на општина Велес од страна на Претседателот, Ненад Коциќ. Седницата која беше закажана за денес со почеток во 11:00 часот, повторно почна 2 часа подоцна, без никаква најава, без никакво образложение од страна на Претседателот. И повторно по кратка работа дадена е пауза од 15 минути, која повторно без никаква најава и образложение трааеше околу 3 часа. Период во кој Претседателот по којзнае кој пат не успеа да обезбеди кворум и мнозинство за работа. За жал, ваквиот начин на работа стана пракса после назначување на др. Ненад Коциќ за Претседател на Совет на Општина Велес. Нецелосни материјали за седница, доцнење на седниците, одложување, прекинување без никаква најава и образложение се неминлив дел и веќе воспоставена пракса на работа на Коциќ. Така и денес без никаква најава и образложение одненадеш ја прекина седницата и ја напушти салата на СОВ, глув на нашите прашања и предлози за продолжување. Ова мора да престане. Советот мора да работи редовно, ефикасно и транспарентно, решавајќи ги проблемите на граѓаните на Велес. За жал, после само неколку седници јасно е дека со Ненад Коциќ како Претседател тоа не е можно. Затоа, согласно Законот за Локална Самоуправа, Статутот и Деловникот за работата на Советот, денес како Советничка група поднесуваме иницијатива за вонредна седница, со една точна на дневен ред – Разрешување на Претседател на Совет, посочи Нада Трајкова.