сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 32
home Општини

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Нема да поддржиме ништо што е на штета на здравјето на граѓаните

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци: Нема да поддржиме ништо што е на штета на здравјето на граѓаните

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во кавадаречкиот совет денеска на прес конференција информираше дека нема да поддржи никакви одлуки за изградба на објект од тешката индустрија,  кој ќе го загрозува здравјето на граѓаните.

-Деновиве во општина Кавадарци помеѓу граѓаните е актуелна темата за загадувањето на градот и околу отворањето на цинкара во просториите на ИГМ трејд, како и промена на урбанистичкиот план од Г2 во Г2, од лесна во тешка индустрија. Пред неколку месеци оваа тема беше ставена два пати на советот на општина Кавадарци, каде советниците на ВМРО-ДПМНЕ едногласно гласаа против и оваа точка не помина, од тука сакаме да ја информираме јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со советничката група нема да дозволи ниту да поддржи нешто што е на штета на кавадарчани, потенцираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци.

Коронавирус