среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: СДСМ ги излажа битолчани дека има решение за загадениот воздух

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: СДСМ ги излажа битолчани дека има решение за загадениот воздух

Советничката од Битола, Олга Лозаноска на седницата на општината истакна  дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа барања во кое општина Битола да започне со реализација на краткорочните мерки кои се однесуваат на загадувањето на амбиенталниот воздухот во Битола.

Барањето се состои од следниве точки:

1.Итно да се побара од страна на министерството за животна средина и просторно планирање да изврши поправка, сервисирање и ставање на мерната станица Битола 2 во функција. Се препорачува општина Битолаво соработка  со Агенција за патишта да забрани движења на тешки товарни возила во централното градско подрачје, освен за возила за снабдување со леб и лекови

  1. Се задолжува општина Битола во соработка со МВР да даде предлог за посебен сообраќаен режим на товарните возила
  2. Се препорачува во општина Битола секојдневно да се чистат улиците околу постоечките  градилишта, прскаше на улиците со калциум- ацетат и тоа во надлежност на општина Битола
  3. Се задолжува општина Битола преку Секторот за екологија да изработи и дистрибуира брошури за информирање на јавноста за добри практики за чист воздух, да се информираат граѓаните за штетното влијание врз квалитетот на амбиенталниот воздух и здравјето доколку за греење користат отпадно масло, лакирани отпадоци или отпадоци од дрва, мебел, стиропор и гума
  4. Во деновите со  енормно загадување да се ослободат бремените жени, лицата повозрасни од 60 години и лица со кардиораспираторни заболувања да се ослободат од работа, децата да немаат физичка активност на отворено
  5. Да се изработи краткорочен акционен план кој ќе се применува при надминување на прагови на алармирање за загадувачките супстанци

Советничката Лозаноска потенцираше дека сето ова го предлага ова бидејќи ова е втора зима откога се СДСМ на власт и граѓаните се соочуваат со горливиот проблем на воздухот, којшто СДСМ ветуваше дека ќе го среди.

Таа додаде дека многу пати се прашува каде е здружението „За нас се работи“ и ги праша СДСМ дали сега тие не сакаат да дишат чист воздух и зошто не излегуваат да протестираат на улица за воздухот.

На крајот од своето обраќање Лозаноска му подари маска за дишење на претседателот на советот со цел да го потсети за ветувањето коешто го давал дека СДСМ имаат  решение за се и дека можат да го исчистат воздухот.