вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Состојбата со Ковид-19 во Гостиварско и понатаму сериозна

Состојбата со Ковид-19 во Гостиварско и понатаму сериозна

Во Гостивар и околината се бележи значителен пораст на лица кои оздравеле од Ковид-19, но состојбата и натаму е сериозна.

Во билетенот на здравствените власти до денес се наведени 255 активени случаји. Ова е беше констатирано на состанокот на регионалниот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.

За гостиварскиот регион изминативе денови во извештајите имаше двоцифрени бројки на нови активни случаи, а минатата недела беше во самиот врв со 20 нови случаи.

Од кризниот штаб испратија апел до граѓаните и институциите за доследно почитување на мерките за заштита и особено на подигање на свеста за постоење на болестта.

– Во моментов на нашето подрачје има 389 излекувани лица. Од нив, само последнава недела за оздравени се водат 106 што е повеќе од бројата на ново инфицирани. Со позитивни тестови и во домашни услови се наоѓаат и лекуваат 232 лица. Во болниците има 23 пациенти, рече Ваљбон Лимани од кризниот штаб.

Од почетокот на пандемијата во трите општини како позитивни на Ковид 19 се регистрирани 673 граѓани, најмногу во Гостивар 538, во Врапчиште 121 и маврово Ростуше 14 . Од нив како активни се водат 255, од кои 224 се на територијата на општина Гостивар, во Врапчиште 29 и во Мавро Ростуше 2. Досега како последица од Ковид-19 починале 29 лица (Гостивар 21, Врапчиште 7 и Маврово Ростуше 1). Досега направени се 2. 298 тестирања.

Заради зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион и дполнителна заштита од корона вирусот, најавена е вонредна дезинфекција на јавните површини и колективните згради.

Коронавирус