вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Општини

Со Трка на келнери почнува „Струмица опен фестивал“

Со Трка на келнери почнува „Струмица опен фестивал“

Седмото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува вечерва со Трка на келнери.

Овој настан е во рамките на оф програмата и прв од дваесетте што ќе се реализираат годинава.

-Струмица опен фестивал“ е манифестација која секоја година вклучува голем број сегменти од културата, со настани од областа на поезијата, сликарството, фотографијата, театарот и филмот. Годинава го претставуваше проширениот концепт со кој во Струмица ќе има настани цел лето – од 4 јули до 26 август, рече Томи Печков, од организаторот на фестивалот, Здружението „Културно завабен живот“.

Во оф програмата организаторот нуди повеќе програмски содржини, меѓу кои највпечатливи се вечерите на поезијата и афоризмите, летната школа за гитара, која ја води Влатко Стефановски, како и за прв пат организирање на полумаратонска трка, со која ќе биде затворен Седмиот „Струмица опен фестивал“ на 26 август.

Следниот настан е на 9 јули. Тогаш треба да се одржи „Вечер на поезија“.

Главната фестивалска програма ќе се одржи од 10 до 19 август со настапи на фестивалските ѕвезди-српските пејачки Лепа Брена и Марија Шерифовиќ, потоа Тамара Тодевска, Владо Јаневски,Тони Цетински, Пата Пата Рекордингс, Виктори бенд, Афишал, Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ и Астра-ион пројект.

(Миа)