петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Општини

Слика со претседателски кандидат и графит во Струшко- полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја

Слика со претседателски кандидат и графит во Струшко- полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја

Во Полициската станица во Струга денеска е пријавено дека во близина на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште е закачена слика на еден од претседателските кандидати, како и дека е испишан графит во врска со претстојните избори.

Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, и на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

-Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја, истакна Димоски.

Коронавирус