среда, 28. јули 2021. Вести денес: 117
home Општини

Скандал во Штип – нова коцкарница се отвора веднаш до детска градинка

Скандал во Штип – нова коцкарница се отвора веднаш до детска градинка

Први соседи на градинка во штипската населба Сењак ќе бидат апаратите за среќа. На само чекор до оваа установа во која се згрижуваат деца од предучилишна возраст, се подготвува отварање на казино. Налепниците по изолозите со кои се прецизира наменета на објектот, деновиве ги збуни штипјани. Реолтирано прашуваат дали во државата постои закон со кој се регулира отварањето на вакви објекти. Наместо паркови или игротеки, кај нас се отвараат казина, револтирано коментираат штипјани кои деновиве се сведоци на подготовки на објектот, пренесува АЛФА.

-Ова е срамно , на чекор до градинка да се отвори казино. Каква порака им испраќаме на децата. Можеби е грешка, но ако не е надлежните веднаш треба да ја поправат. Јас мислам дека по закон треба да се одалечени најмалку 100метри од училишна установа , а од овде до центарот на градот има еден километар , а има преку десетиа обложувалници , а сега и казино, коментираат граѓаните на Штип.

Отварањето на ВЛТ клуб веднаш до детска градинка само докажува дека станавме коцкарска држава, коментираат од Движењето против коцкање. Согласно законот ваков клуб треба да биде одалечен од 100 до 150метри од училишна установа. Затоа е потребно донесување на закон за нивна дислокација, алармираат антикоцкарите..

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА. 

Коронавирус