вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Општини

Скандал: Новинарите беа исклучени од презентација на физибилити студијата за Попова Шапка

Скандал: Новинарите беа исклучени од презентација на физибилити студијата за Попова Шапка

Во отсуство на новинари и со ограничен број на граѓанскиот сектор, денес на Попова Шапка се презентира физибилити студијата за овој туристички центар. Според министерот за економија, Крешкин Бектеши, на новинарите не им е дозволено учество затоа што тоа било во спротивност со политиките на компанијата PWC.

Физибилити анализата е платена со пари на граѓаните и е во интерес на граѓаните. Трошењето на народните пари, бара и полагање сметка за начинот на трошење на јавните пари.

Граѓанскиот сектор реагираше поради тоа што на нив и на медиумите не им беше дозволено да учествуваат на презентацијата на оваа студија.

– Студијата е сопственост на ЕЛЕМ, кога се прават презентации тие треба да бидат јавни. Не треба вината да ја префрламе едни на други. Бараме заедно со новинарите да влеземе внатре за да видиме за каква студија станува збор. Направени се многу студии, овде имам студија во вредност од 233.000 евра од Екосинг, и никој го нема видено и истиот е презентиран во Ноли Конак 2012 година. Студијата е направена од Бекон Ин – 200.000 евра, и денес се прави студија од Светска Банка и немаме пристап да видиме што се случува, рече Сулејман од иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“.
Презентација како во комунистично време!, стои на фејсбук страната на ова граѓанска организација, на која потенцираат дека активистите од граѓанскиот сектор, почесни граѓани и новинари се отстранети од просториите на хотел Славија на Попова Шапка во кој се одржува презентацијата.

Извор: Журнал.мк