Учениците во СОУ „Јане Сандански” во Штип наместо да ја следат наставата, да стекнуваат нови знаења и вештини, тие служеа како технички персонал.
Како што дознаваме, учениците се ослободени од настава, за да пренесат материјал потребен за во училиштето.
Дали директорката Емилија Рамбабова ја оправдува оваа „пракса“ на учениците и дали ова претставува коренита промена на образовниот систем?
Од друга страна, дали се запознаени родителите дека иако децата ги праќаат на настава, тие наместо да учат се вклучени во физичка работа?