петок, 4. декември 2020. Вести денес: 47
home Општини

СКАНДАЛ: Директор на училиште им се заканува на деца, ги лаже дека ако протестираат ќе бидат казнети нивните родители (ВИДЕО)

СКАНДАЛ: Директор на училиште им се заканува на деца, ги лаже дека ако протестираат ќе бидат казнети нивните родители (ВИДЕО)

На учениците од училиштето „Коле Нехтенин“ во Штип им беше ускратено правото на бесплатен превоз. Затоа тие се одлучиле да излезат на протест пред општинската зграда.

Директорот на училиштето, Дејан Павлов, на функцијата назначен од СДСМ, ги свикува децата на состанок и ги заплашува дека не смеат да протестираат.

-Сите што сте малолетни, со закон е забрането учество во толпа. Ако некој пријави дека малолетно лице  учествува во толпа е 500 евра казна за родителот, им вели тој.

Но, ова е голема лага! Ако го погледнете Законот за јавни собири, ќе видите дека во него никаде не пишува дека е забрането малолетници да протестираат. Уште помалку е напишано дека ако тие протестираат, ќе бидат казнети нивните родители.

Коронавирус