сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 93
home Општини

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН МИХАЈЛОВО – формирана нова снежна покрива од 30 сантиметри на Кожуф(ФОТО)

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН МИХАЈЛОВО – формирана нова снежна покрива од 30 сантиметри на Кожуф(ФОТО)
фото: фејсбук/патување низ македонија

Нова снежна покривка до 30 сантиметри е формирана вчера во Михајлово на Кожуф планина.

ФОТО: Фејсбук/Патување низ Македонија

Рекреативци и љубители на природата денеска за МИА изјавија дека Михајлово го посетуваат тиквешани, но и гости од други места. Сите тие сакаат да уживаат во снегот, убавата природа и чистиот воздух.

ФОТО: Фејсбук/Патување низ Македонија

Михајлово е богато со шума. Има бел и црн бор, ели, јасики, даб. Се наоѓа на четириесетина километри од Кавадарци, во срцето на Кожуф, на надморска височина од околу 1.200 метри. Важи за воздушна бања, оддалечена околу пет километри воздушно од соседна Грција. (МИА)

Коронавирус