понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 133
home Општини

Силен удар од општината: „Дојде живот“ за младите и за кафитериите во Велес

Силен удар од општината: „Дојде живот“ за младите и за кафитериите во Велес

Терасите на кафитериите кои со години постојат и работат во Велес, станаа “трн во око“ за општинските власти.

Градоначалникот од СДСМ Аце Коцевски и неговите советници удрија по сопствениците на кафитериите и младите кои таму го минуваат своето време.

Општината донесе одлука да се отстранат терасите кои досега никому не пречеа.

Угостителите ќе се соочат со намален профит и работа, а младите велешани ќе останат без локација за поминување на слободното време.


Дополнително, Советот веќе донесе одлука за покачување на киријата за користење на јавна површина на кафитериите.

Зголемувањето е за цели 100 %, односно од 5 на 10 по метар квадратен.

СДСМ ветуваше живот за сите, особено за младите во Велес. Овие мерки докажуваат дека партијата на Зоран Заев во чии раце е општинската власт, го прави токму спротивното.

Локални избори 2021