недела, 23. септември 2018. Вести денес: 67
home Општини

Штипското село Љуботен ќе добие водовод

Штипското село Љуботен ќе добие водовод

Штипското село Љуботен ќе добие водовод. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека обезбедени се 800.000 денари за реализација на овој проект, од кои 450.000 денари се од Бирото за рамномерен регионален развој преку програмата за развој на специфични подрачја.

– Потпишавме договор со Бирото за рамномерен регионален развој, за овој проект од нив имаме 450.000 денари, а дополнително со кофинансирање од Општина Штип речиси 800.000 денари ќе биде изградбата на овој водовод и веќе од понеделник ќе се распише тендер и веднаш ќе влеземе во реализација на водовод и санација на бунарот во Љуботен, вели Бочварски.

Во моментов жителите на селото Љуботен со вода за пиење се снабдуваат од неколкуте селски чешми. Младите се заминати во Штип, но во текот на викендите се враќаат да работат на нивите.

(Миа)