недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Општини

Штипскиот стационар затворен поради топлотни удари на животните, „Анима мунди“ бара кривична одговорност

Штипскиот стационар затворен поради топлотни удари на животните, „Анима мунди“ бара кривична одговорност

Минатата недела поднесовме пријава согласно Закон за заштита и благосостојба, а сега бараме и КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ од ветеринарот Крсто Митов и Општина Штип за мачење на животните, реагираат од „Анима мунди“.

-Стационарот во Штип е „времено“ вон функција откако почнаа кучиња да им умираат од топлотен удар! Тоа е онаа страотна смрт од комплетна дехидрација, изнемоштеност, дезорјентираност, гушење, откажување на виталните органи – кај некое побргу, кај некое поспоро. Низ пекол минуваат животните! Ги прашуваме, ве изненади ли тоа, по сите укажувања кои ги добивте дека условите не се адекватни ниту за камили во лето? КРСТО МИТОВ – до крај ќе се бориме да добиете забрана за вршење ветеринарна дејност зошто само тоа заслужувате! Вие сте опасност за секое живо животно! Општина Штип, Бочварски Благој перфидно кревавте раменици, без срам го толериравте сето ова и кажувавте дека лажеме ние. АХВ повторно прашуваме како така лесно казнувате активисти кои се старатели на бездомни животни (помагаат на градот, колку можат со сопствени пари) а мижите над овие ѕверства и издавате дозвола за работа? Вие сте тие кои го ставија во функција лимениот „стационар“ во општина Штип , со кој најгрубо се кршат одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните како и Правилниот за техничките услови за прифатилишта. Сега недвосмислено е прекршен и Кривичниот закон, се наведува во соопштението на „Анима мунди“.

Од Здружението за заштита на животните бараат одговорност од сите инволвирани.