петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Општини

ШТИП ВЕЧЕРВА ПОД ВОДА- властите не очекувале да врне, граѓаните го повикаа градоначалникот да си го види градот! (ФОТО)

ШТИП ВЕЧЕРВА ПОД ВОДА- властите не очекувале да врне, граѓаните го повикаа градоначалникот да си го види градот! (ФОТО)

Големо невреме вечерва го зафати Штип.

Како што денеска во текот на целиот ден предупредуваше УХМР да се очекува невреме во форма на пороен дожд, град, грмежи и силен ветер во Македонија истото се оствари.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии од поплавени улици ширум земјава, а особено големо внимание привлекоа фотографиите од Штип каден градот буквално плива во вода.

Граѓаните го повикаа и градоначалникот Благоја Бочварски да си го види градот и да излезе на терен да се справи со ситуацијата.

Дел од нив се пошегуваа и дека „властите не очекувале дека ќе заврне дожд“.

Коронавирус