четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Општини

Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари

Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари

Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направи штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја направија комисиите, а прилепските советници денеска го усвоија извештајот.

Беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол и Шелеверци. Беше зафатена површина од 1.085 хектари, а најпогодени беа површините со јачмен, компири, лешници, дињи, пченица, пченка, сончоглед и со тутун.

До комисијата за проценка на штети биле поднесени 279 барања од кои 11 се отфрлени како некомплетни.

Извештајот треба да биде доставен до второстепената владина комисија.

На денешната седница советниците го прифатија и извештајот за извршување на општинскиот буџет за вториот квартал. Констатирано е дека биле остварени 46,9 проценти од планираните приходи. Меѓу другото, беа прифатени и извештаите за работата на прилепските основни и средни училишта во претходната, како и програмите за новата учебна година. (МИА)

Коронавирус