вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Општини

Шемшево без вода за пиење

Шемшево без вода за пиење

Поради долг од околу 7.000 евра на жителите на Шемшево, поради неплатени сметки за вода за пиење и злоупотреба на приклучок на црно, село Шемшево денеска е без вода за пиење.

Жителите на село Шемшово, велат дека општината е должна да им пушта вода на овие жители, а исто така и да пушта инспекција и да се казнат луѓето што се приклучиле на црно, а не да го остават целото село без вода.

– Не е хумано на овие температури, општината да не остава без вода. Ако има приклучени на црно нека се фатат и нека се казнат тие, а не да се казни целото село, зошто некој краде вода. Ние ќе протестираме, ако вака продолжи општината да не остава без вода, вели Ќемал Алиу од Шемшово.

Од друга страна, запрашан за проблемот, градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажески, изјави дека е точно дека селото е без вода, но, потенцира дека проблемот е што тие должат на општината околу 7.000 евра, и прво треба со месната заедница да се постигне договор за долгот и за приклучоците на црно па потоа да се среди проблемот со водата на оваа село.

– Ни се губат 12.000 кубни литри вода и не знаеме каде и како. Мораме прво да се доразјасниме и да видиме колку приклучоци на црно имаме во Шемшово, а потоа да се среди проблемот со водата. Инспекторатот не е излезен на терен да потврди колку приклучоци на црно има, но знаеме дека има, рече Блажески.

Шемшово има околу 200 легални приклучоци, а процентот на плаќање вода секогаш е низок во оваа село.