петок, 6. декември 2019. Вести денес: 88
home Општини

Шамар од ЕУ: Не гледам резултати по препораките на УНЕСКО за Охрид, вели евроамбасадорот Жбогар

Шамар од ЕУ: Не гледам резултати по препораките на УНЕСКО за Охрид, вели евроамбасадорот Жбогар

Поминаа две недели од препораките на УНЕСКО во врска со Охридскиот Регион и јас не гледам резултати од тоа, кажа денес евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Општина Дебарца, пренесува СДК. Тој додаде дека треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат. Жбогар во Дебрца беше на пуштањето на реконструиранта брана на Слатинско Езеро, кое пред неколку години поради нејзиното пукање се исуши.

Рушење на дивоградбите е една од 19-те препораки на УНЕСКО за да не биде ставен регионот на листата на загрозено светско наследство.

„Со проблемите е најдобро да се соочите сами, со сопствени сили. До 1 февруари кога истекува рокот, беа дадени на располагање 30 седмици. Од 4 јули кога УНЕСКО го одреди рокот за исполнување на препораките веќе изминаа две седмици, а не гледеме некаков резултат”, кажа Жбогар.

Жбогар изјави дека вчера имал средби со претставници на невладини организации за заштита на животната средина и еколошки здруженија, на која му била пренесена нивната загриженост за состојбите.