вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Општини

Секретарот на општина Кочани призна: Во општината има луѓе кои што се вработени, а ги нема во канцелариите

Секретарот на општина Кочани призна: Во општината има луѓе кои што се вработени, а ги нема во канцелариите

Има ли мобинг ако службеник во администрација се бара да си ги извршува работните задачи?, ова прашање беше поставено на вчерашната седница на Советот на општина Кочани.

Секретарот на општина Кочани Александар Јосифов вели дека во општината имаат вработени лица кои ги нема во нивните канцеларии.

-Не е мобинг некој да седи, а други раководни лица да не можеме да ги најдеме по канцелариите, а кога ќе им дадете работни обврски тоа е мобинг за него. Во организацијата од каде што доаѓам доколку работникот не ги извршува работите и работи не само што не се во интерес на општината и влијаат негативно на општината не може да се разделиме со него, вели Јосифов.

Тој додава дека во општината луѓето немаат одговорност и луѓето не се идентификуваат за тоа каде работат.