петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Седуммина дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење, а осуммина не носеле маска

Седуммина дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење, а осуммина не носеле маска

Во последното деноноќие сеуммина дебрани не ја почитувале одлуката за забрана за движење,додека осуммина не носеле заштитна маска.

-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус,на подрачјето кое го покрива Одделението за внатрешни работи од Дебар, седум лица не ја почитувале забраната за движење.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија,потврди Стефан Димоски,портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додадава дека во исто време полициските службеници констатирале осум прекршоци за не носење лична заштита на лицето. Досега во дебарско издадени се околу 200 прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на Ковид – 19.

Полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 11 контроли врз угостителски и други објекти во Дебар.

Во овој град нема лица во изолација, додека во самоизолација се 30 лица, врз кои се врши редовно котрола.

Најнови вести

Коронавирус