вторник, 2. март 2021. Вести денес: 31
home Општини

Седум села во Општина Босилово без вода поради дефект на главниот цефковод

Седум села во Општина Босилово без вода поради дефект на главниот цефковод

Заради дефект на главниот цевковод од браната „Иловчанка“, преку кој се снабдува со вода Општина Босилово, седум населени места денеска и утре ќе немаат вода.

Според градоначалникот на Босилово Зоран Зимбаков, се работи за голем дефект, а екипи работат на негово остранување.

-Цевките кога биле поставувани биле неквалитетни и се дотраени, а во цевководот нема и „песочни перници“. Екипите на комуналното претпријатие се на терен и очекувам во текот на утрешниот ден да биде отстранет дефектот и да се нормализира водоснабдувањето, рече Зимбаков.

Од ЈПКД „Огражден“ соопштија дека освен општинскиот центар Босилово, без вода се и селата Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново и ги замолуваат граѓаните за разбирање. (МИА)

Коронавирус