сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Општини

Се реконструира Северен булевар во Кавадарци

Се реконструира Северен булевар во Кавадарци

Се реконструира Северен булевар во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираат дека работите се одвиваат непречено.

– Првата фаза опфаќа поставување геокомпозит врз долен строј, за подобрување на постелицата. Наредната фаза е поставување прв слој тампон од 20 сантиметри со набивање, по што следи поставување на уште еден слој од тампон од 20 сантиметри, врз кој ќе се постави асфалт во два слоја, појаснија од Кабинетот на градоначалникот.

Претходно, кавадарчани подолго време реагираа за потребата од реконструкција на Сверен булевар, заради поголема безбедност во сообраќајот. Затоа што  се соочуваа со отежнато движење поради лошата изведба на булеварот и негово често поплавување од поројни дождови.

МИА