петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 130
home Општини

Се поплочуваат површини во кавадаречките села

Се поплочуваат површини во кавадаречките села

Се поплочуваат површини во кавадаречките села, со што се реализира дел од програмата за комунална изградба во нив, информираа од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Привршуваат активностите во селото Сопот, каде се работеше на три позиции. Станува збор за поставување на бекатон коцки на една улица, тротоар, како и на патека околу огништето со трибини, каде сопотчани за време на Василица го палат Василичарскиот оган. Средства кои општината Кавадарци ги намени за оваа цел, се обезбедени од буџетот, ставка за комунална изградба, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму посочија дека по завршувањето на работите во село Сопот, оперативата на фирмата изведувач ќе се префрли во поткожувските села Крњево и Горна Бошава, каде ќе се работи на поплочување со павер елементи

Коронавирус