сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Општини

СДСМ и Георгиески почнаа да реализираат помали инфраструктурни зафати во Охрид за да освојат некој глас повеќе

СДСМ и Георгиески почнаа да реализираат помали инфраструктурни зафати во Охрид за да освојат некој глас повеќе

СДСМ се во страв и паника затоа што знаат дека ги губат изборите и ја немаат довербата од народот.

Токму затоа јавните претпријатија од Охрид деновиве се впуштија во градежни активности на повеќе локации.

Се санираат ударни дупки на позначајните сообраќајници, се редат бехатон плочки на улици во Пештани и што уште не, се со цел да освојат некој глас повеќе.

СДСМ и Константин Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти. Реализираат мали градежни зафати мислејќи дека тоа е причина граѓаните да гласаат за нив.

На овој начин СДСМ и Константин Георгиески ја потценуваат интелегенцијата на охриѓани.

Но сепак се поставува и прашањето што прави Антикорупциската комисија и до кога ќе го толерира ваквото однесување на СДСМ и Георгиески?

ИЗВОР: ОХРИД 24

Коронавирус