среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 157
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

„СДСМ ги лаже граѓаните во Прилеп“

„СДСМ ги лаже граѓаните во Прилеп“

Овде има се’ само не и мост. Еве каде и како завршуваат цели 30 милиони денари или околу 500.000 евра на прилепчани, колку што беа предвидени за реконструкцијата на овој мост.

За осум месеци, колку што поминаа откако започнаа работите тука, луѓе градат цели висококатници и населби, а локалната власт во Прилеп успеа само да го раскопа просторот и да им го загорчи животот на жителите од населбата Сточен пазар.

Граѓаните се свесни дека станува збор за уште една лага и популистичко ветување на СДСМ, Јованоски и Талески. Наместо подобрување на безбедноста и протокот во сообраќајот, нивната неспособност создава хаос во целиот град.

Што ли треба да се случи, дали е потребно да настане некоја несреќа па да се среди оваа раскопина тука?

Ги прашуваме локалните власти кога планираат да продолжат со работа и дали воопшто планираат да го завршат овој проект?

Дали се точни гласините кои допираат до нас дека се подготвува анекс договор на дополнителни 150.000 евра, за да се продолжи со работа? Напишаа на Фејсбук од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.