четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Општини

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми (ВИДЕО)

Сашко Ивановски: Во село Вирче предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски се најголеми (ВИДЕО)

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Сашко Ивановски во текот на денешниот ден оствари работна посета на село Вирче.

Лидерот на опозициската партија со дел од неговиот тим се запозна со актуелните проблеми на жителите на ова делчевско село, но и ги прозва властите на СДСМ и Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски за нереализираните ветувања за жителите на селото Вирче.

“Денеска со мојот тим имавме можност да се запознаеме одблиску со проблемите со кои се соочуваат жителите на село Вирче во нивниот секојдневен живот.

Вирче како и останатите рурални места во Делчево и пошироко во регионот целосно се заборавени од страна на актуелните власти на СДСМ.

Сточарите во село Вирче мака-мачат да обезбедат прехрана за својот добиток, градинарите и овоштарите се загрижени за годинешната реколта, а надлежните власти немаат слух за проблемите на земјоделците. Доцнењето на ветените субвенции за земјоделците создава огромни проблеми на терен а овие луѓе кубурат со задолжувања кон добавивачите на репроматеријали. Со ваквиот игнортантски однос на институциите предводени од функционерите на СДСМ во Делчево, се заканува колапс на и она малку земјоделие кое го има присутно во нашата општина.

Развојот на стандардот за живот на жителите на селото Вирче е заглавен во 2017 година кога се реализираше последната поголема инвестиција од страна на локалната самоуправа од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.”

-соопшти Сашко Ивановски од селото Вирче при што го прозва градоначалникот Трајковски за лагите со кои ја доби довербата на делчевчани кои за жителите на село Вирче се најголеми:

“Овде предизборните лаги на градоначалникот Горан Трајковски од 2017 година до денес се најголеми.

Тој тогаш ветил изградба на нова улица. Ветил изградба на регулација на Виречка река, ветил уредување на селски чешми и изградба на детско игралиште.

Не е ни чудо што Горан Трајковски не дошол во село Вирче во неговиот мандат од назначувањето.

Бидејки нема храброст да се соочи со жителите на село Вирче за да им одговори на нивните прашања, јавно го прашуваме Горан Трајковски: Каде е ветената улица? Каде е ветената регулација на Виречка река, каде е детското игралиште и уредените селски чешми?

Дополнително од име на жителите на село Вирче го прашуваме Градоначалникот Горан Трајковски дали е запознаен со проблемот за водоснабдување со вода за пиење за домаќинствата во село Вирче? Кога планира да се позанимава со овој долгогодишен проблем во преостанатите 5 месеци од неговиот мандат?”

-запраша од име на жителите на село Вирче, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Делчево.

Извор: Брегалнички.мк

Коронавирус