четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Општини

Сарамандов: Противпожарната единица во Гевгелија доби опрема во висина од 1.3 милиони денари

Сарамандов: Противпожарната единица во Гевгелија доби опрема во висина од 1.3 милиони денари

Во име на советот на општина Гевгелија, во името на сите граѓани на општина Гевгелија и од мое лично име сакам на припадниците на територијалната противпожарна единица во Гевгелија да им го честитам 20ти мај денот на пожарникарите, изјави денеска за медиумите, Андон Срамандов, градоначалник на Општина Гевгелија.

Тој во просториите на противпожарната единица во Гевгелија им се заблагодари на пожарникарите кој во изминатата година се залагаа и професионално си ги извршуваа своите задачи особено фактот дека имаше голем број пожари на територијата на општина Гевгелија и имаше еден голем пожар во близина на граничниот премин Богородица кога тие одлично се справија со опасната ситуација.

– Се надевам дека оваа година поточно ова лето нема да имаат полни раце работа. Денес заедно со директорката на југоисточен плански регион Џулиета Ѓуркова извршивме примопредавање на опрема за противпожарната единица во Гевгелија во износ од 1.350.000 денари, истата е обезбедена како резултат на меѓу граничната соработка со република Бугарија од страна на југоисточен плански регион, појасни Сарамандов.

Коронавирус