сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 37
home Општини

Сарамандов: Гевгелија ќе биде модерен град со развиен туризам и многу зелени површини

Сарамандов: Гевгелија ќе биде модерен град со развиен туризам и многу зелени површини

Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата со своите противкандидати на Македонската телевизија истакна дека цел ќе му биде привлекување на инвеститори, како и развој на туризмот.

„Пандемијата со корона е реален проблем и се покажа дека мора да имаме секогаш план Б. На пример ни треба и развој на планински, ловечки туризам со што Кожув ќе стане туристички центар, а ќе правиме испитувања и за да се развива и бањскиот туризам. Значи на Гевгелија и требаат реални проекти“, рече Сарамандов.

Тој истакна дека има простор за развивање на локалниот економски развој, како и на регионалниот развој.

„Планирам еднаш годишно да има и бизнис форуми за да се унапреди соработка на компаниите и истите да имаат заеднички настап на трети пазари“, рече Сараманов.

Сарамандов се осврна и на другите проблеми, како и решенијата кои ги нуди. Тој истакна дека ќе бара и трајно решение за градската депонија, а најави и други проекти.

„Во Гевгелија ќе направам да има и повеќе зелени површини, на пример ќе се направи модерен парк кај браната Топлик“, рече Сарамандов.

Според него не може да се привлекуваат инвеститори и да се создаваат услови за нив кога голем дел од парите од општинскиот буџет одат за плати.

„Повеќе се потрошени пари за плати, како вие ќе реализирате проекти, како ќе создадете услови за инвестиции и привлекување на инвеститори кога парите ги трошите само за плати“, вели Сарамандов.

Најнови вести

Коронавирус