сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 77
home Општини

Само еден македонски град нема ниеден заразен со коронавирусот

Само еден македонски град нема ниеден заразен со коронавирусот

Крушево во моментот е единствениот град во Македонија во кој не се бележи ниту еден активен случај на коронавирус.

Од почетокот на пандемијата во Крушево од коронавирус се заразиле 20 лица, но тие веќе се водат во евиденцијата на излекувани или починати.

По Крушево, најмалку заразени од коронавирус има во Демир Хисар и во Македонски Брод – по 4 активни по што следуваат Пехчево и Кратово со по 7 активни случаи.

 

 

Коронавирус