понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Сајкоски: Со механизација на комуналец и неколку приватни компании се загадува животната средина и се ставаат во опасност животите на граѓаните на Кичево

Сајкоски: Со механизација на комуналец и неколку приватни компании се загадува животната средина и се ставаат во опасност животите на граѓаните на Кичево

Во време на пандемија наместо да се работи на заштита на животната средина. Изминативе три четири недели во населеното место Иванидол и неговата околина се одложува нелегално комунален отпад. Со механизација на комуналец и неколку приватни компании се загадува животната средина и се ставаат во опасност животите на граѓаните на Кичево, реагира претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево Ѓорѓија Сајкоски.

Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на Сајкоски:

Каква негрижа на власта, кој свесно ги труе кичевчани?

И дали вака се трасира патот до Европа?

Во време на пандемија наместо да се работи на заштита на животната средина. Изминативе три четири недели во населеното место Иванидол и неговата околина се одложува нелегално комунален отпад. Со механизација на комуналец и неколку приватни компании се загадува животната средина и се ставаат во опасност животите на граѓаните на Кичево.

Отпадот е депониран на само 30 метри од резервоар за вода од кој се снабдува градот Кичево. Дивата депонија е на 50 метри до првите куќи на височинка за да може миризбата и нечистотијата да се разнесува низ цел град бидејќи одалечена е на 800 метри од центарот на Кичево. Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставки до надлежните институции да преземат итни мерки во врска со загрозувањето на животната средина и природа со отпадни материи. Да се престане веднаш со загадувањето, уништувањето и загрозувањето на животната средина и животот на луѓето.

Почитувани не е овој патот за Европа. Залутавте. Грешка сте.

Коронавирус