среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Општини

Сајкоски од Дебарца: Гарантираме реконструкција на 2.000 улици, 100 градинки, 150 училишта и подобра животна средина со 150 нови паркови

Сајкоски од Дебарца: Гарантираме реконструкција на 2.000 улици, 100 градинки, 150 училишта и подобра животна средина со 150 нови паркови

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски вечерва на мини митингот во Дебарца порача дека понудата за нова иднина носи развој и нови проекти, се гарантира реконструкција на 2.000 улици, 100 градинки, 150 училишта и подобра животна средина со 150 нови паркови.

-Ние треба да ја казниме оваа ненародна власт на Зоран Заев и треба да излеземе на овие избори референдумски за сите лажни ветувања, да се казнат затоа што во Македонија не функционира ништо, да се казнат затоа што во последниве четири години не реализираа ништо, а сведоци сме дека тука требаше да поминува автопат и кој ќе го поврзуваше Охрид и ќе донесеше развој и надеж за овој регион, а скоро готовиот автопат е ист како пред четири години, посочи Сајкоски.

Сајкоски вели дека оваа власт треба да биде казнета заради криминалот и корупцијата и за оние ветувања кои ги дадоа, а не ги реализираа.

-Кога повикуваме да се излезе референдумски тоа го правиме за да дадеме надеж на идните генерации, на нашите семејства бидејќи сите заслужуваат подобар живот, од она кое ни се случува, за оваа власт треба силен пораз за да им докажеме дека во Македонија нема повеќе место за таков вид на политичари, а после четири години видовме дека ништо не се направи, рече Сајкоски.

Сајкоски истакна дека сите проекти на ВМРО-ДПМНЕ за локалниве избори се проекти од народот, потекнуваат од граѓаните, а гарантот за нивна реализација е коалицијата „За Обнова на Македонија“.

Сајкоски рече дека понудата за нова иднина на Македонија, е понуда за нова надеж за Македонија, со победа до надеж за нови промени и шанса за нови проекти и можност за развој каков што заслужуваат граѓаните, од вкупно ветените 14.835 проекти истите ќе се реализираат од сите градоначалници.

-Она кое се гарантира е реконструкцијата на преку 2.000 улици низ земјава, градба и реконструкција на 100 градинки, 150 училишта, подобра животна средина, градба на 150 паркови и многу повеќе, за развој на државата, затоа да му дадеме шанса на кандидатот тука во Дебарца, Саше Силјановски за нови победи и иднина на сите граѓани, порача Сајкоски.

Локални избори 2021