четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Општини

Саботковски: Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона Петилеп во Могила

Саботковски: Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона Петилеп во Могила

Индустриската зона Петилеп во општина Могила започнува инфраструктурно да се уредува. Денес заедно со директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и претставници од БВ Инженеринг направивме вовед во работа за изградба на водовод во индустриската зона Петилеп со должина од 1190 метри, вкупната вредност на договорот изнесува 4.067.713,00 денари, стои во Фејсбук статусот на Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила.

Тој напиша дека индустриската зона Петилеп се наоѓа на регионалниот пат А3 и опфаќа површина од 17,9 хектари, на која се предвидени 14 парцели со намена лесна незагадувачка индустрија и 1 парцела со намена за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори.

– Во наредниот период уште 5 парцели ќе бидат предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање, на кое сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште. Зоната е значајна за економскиот развој на општина Могила, за отворање на нови работни места преку привлекување на домашни и странски инвестиции, додаде Саботковски во својата објава.

Коронавирус