вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 42
home Општини

Родители,баби и дедовци бараат велешката градинка да ги врати на работа старите негувателки на нивните деца и внуци

Родители,баби и дедовци бараат велешката градинка да ги врати на работа старите негувателки на нивните деца и внуци

Група на родители, баби и дедовци чии деца и внуци се згрижени во клонот четири и пет на општинската детска градинка „Димче Мирчев“ во Велес денеска одржаа прес конференција на која рекоа дека протестираат против одлуката на директорката Бранислава Нацева да ги промени старите со нови воспитувачки и негователки.

Еден дедо на протестот зборуваше дека на местото на отпуштените воспитувачки и негувателки, во еден од клоновите два и три, била примена неговата сестра која немала соодветно образование за да може да ги образува и да се грижи за неговите две внучиња кои посетуваат градинка.

Одлуката на директорката на велешката градинка да отпушти негователка кон која се привзало нејзиното дете и на нејзино место да прими нова без консултација со родителите е нелогична за мајка на дете кое било згрижено во клонот четири.

Целиот текст прочитајте го на ДУМА.МК.