вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 175
home Општини

Ристов: Ќе субвенционираме поставување на сончеви колектори за граѓаните

Ристов: Ќе субвенционираме поставување на сончеви колектори за граѓаните

Додека другите прават полиња од марихуана, ние решивме полиња со сончеви централи. Се наоѓаме на локацијата на еден сончев кров кој што е за поздравување, тоа се наши инвеститори од Радовиш кои што решија да се вклучат во проектот „Независен енергетски град Радовиш“, изјави денеска за медиумите, Ацо Ристов, кандидат за градоначалник на општина Радовиш.

Тој истакна дека проектот е за поздравување, а дека тие ќе го подржуват овој проект и сите проекти што најверојатно во Радовиш ќе се случуваат.

– Ова се пионерски потфати се до крајната цел, за сите оние кои ќе бидат заинтересирани да се вклучат во овој проект ќе добијат субвенција од Општина Радовиш за да си ги решат енергетските проблеми. Светот се наоѓа во енергетска криза и ние на тоа треба да бидеме спремни да издржиме и да им помогнеме на граѓаните, додаде тој.

Коронавирус