петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Водата е живот, а Прилеп пред 15-тина години имаше огромен проблем со водоснабдувањето!

Ристески: Водата е живот, а Прилеп пред 15-тина години имаше огромен проблем со водоснабдувањето!

Водата е живот, а Прилеп пред 15-тина години имаше огромен проблем со водоснабдувањето! Во 2005 г. локалната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ наследи катастрофално водоснабдување и упропастено и финансиски уништено ЈП “Водовод и канализација” од претходната власт на СДСМ. Проблемот со вода остана само едно неубаво минато, во сеќавањта на Прилепчани! Никогаш повеќе да не се повтори…пишува на својата Фејсбук страница поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески.

Во продолжение целата објава на Ристески:

ВОДАТА Е ЖИВОТ, А ПРИЛЕП ПРЕД 15-ТИНА ГОДИНИ ИМАШЕ ОГРОМЕН ПРОБЛЕМ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО!!
▶️Во 2005 г. локалната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ наследи катастрофално водоснабдување и упропастено и финансиски уништено ЈП “Водовод и канализација” од претходната власт на СДСМ:
🔸️со повеќе од 2 милиони евра обврски;
🔸️стар и уништен водоснабдителен систем;
🔸️дотраена зграда(бараки);
🔸️неадекватна опрема и механизација;
🔸️слабо обучен кадар;
🔸️стопиран проект(грант) со KFW банка;
🔸️80% загуби на вода;
🔸️азбестни цевки;
🔸️️️илјадници диви приклучоци;
🔸️ катастрофални 30% наплата;
🔸️секојдневни слики на полнење вода од цистерни по улици;
🔸️вицеви и шеги на сметка на Прилепчани за водата;
❗Или накратко, водоснабдување во колапс за град и Општина од 80-тина илјади жители во 21 век… недозволиво ама вистинито!!
✔Потребите за нови инвестиции беа итни и неопходни и за 10-тина години Прилеп стана лидер, со најдобар водоснабдителен систем во земјава:
🔸️најпрво се реализира инвестиција од КFW банката за реконструкција на водоводната мрежа вредна повеќе од 10 милиони евра, без никакво задолжување на граѓаните;
🔸️се изгради 200 км нова водоводна инфраструктура низ градот;
🔸️се изгради нова и современа административна зграда на Јавното водоводно претпријатие;
🔸️се инсталира за прв пат најсовремен СКАДА-систем за автоматска контрола на водоводната мрежа;
🔸️драстично се намалија губитоците на вода на задоволителен европскиот просек;
🔸️се набави нов возен парк и механизација;
🔸️се набави нова опрема, компјутери и други современи помагала за поефикасна работа на претпријатието;
🔸️се отстранија азбестните цевки низ градот и се вградија цевки за водоснабдување по европски стандарди;
🔸️се заменија старите и дотраени водомери со нови ефикасни водомери;
🔸️проектот на градот со KFW банката од Бундестагот беше прогласен за најуспешен во Југоисточна Европа;
(резултат на тоа беше тоа што градот беше награден со нареден проект “канализациони системи и пречистителна станица”);
🔸️со помош на Владата од ВМРО-ДПМНЕ се инвестираа дополнителни 3 милиони евра во 10 нови бунари со што градот доби нови 200 л/с вода за надополнување на системот во услови на криза и сушни периоди; ✔(Прилеп никогаш повеќе не е споменат за проблеми со водоснабдување како претходно);
🔸️се реконструираа и проширија нови резервоари и препумпни станици за вода;
🔸️после проектот секоја година претпријатието со сопствени средства градеше 10-тина нови км водоводна мрежа низ градот;
🔸️подмирени беа сите долгови на претпријатието од претходно и за прв пат почнува истото да работи со позитивен резултат (прогласено во трите најуспешни водоводни претпријатија на Балканот);
🔸️претпријатието на крајот од 2017 година беше оставено со позитивен финансиски резултат од преку 300.000 евра и во одлична кондиција како никогаш дотогаш!!
✔Но, мора да се напомене дека не само во градот, претходната ЛС инвестираше и во нови водоводи во населените места, каде претходно не постоело никаков водоводен систем.
✔За прв пат во историјата, водоводи добијаа:
– Подмол
– Ерековци
– Канатларци
– Клепач
– Чепигово
– Штавица
– Тројкрсти
– Загорани
– Веселчани
– Манастир
– до манастирот во с.Лениште
– решен проблемот со вода во Кадино Село
– изработен проект за водоснабдување на ман.Трескавец… и во други населени места…
❗Напомена: Сите водоводи од населените места за прв пат беа преземени на одржување од Јавното претпријатие ВиК;
✅Од најпроблематична Општина, Прилеп стана пионер и пример за квалитетно водоснабдување во Македонија и Регионот со повеќе од 15 милиони евра инвестиции за само 10 години!
⏩✅ПРОБЛЕМОТ СО ВОДА ОСТАНА САМО ЕДНО НЕУБАВО МИНАТО-ИСТОРИЈА, ВО СЕЌАВАЊАТА НА ПРИЛЕПЧАНИ❗ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ…

Коронавирус