вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Сите заедно да тргнеме во обнова на Република Македонија

Ристески: Сите заедно да тргнеме во обнова на Република Македонија

Почитувани мои сограѓани, токму од овде од срцето на Македонија од Македонски Брод сакаме да повикаме за обнова на нашата татковина за обнова на Република Македонија. Ги повикувам сите оние кои се изневерени, изманипулирани и излажани од оваа ненародна власт да застанат рамо до рамо заедно со нас и да го земеме бајракот на слободата и сите заедно да тргнеме напред во обнова на нашата татковина, изјави Жарко Ристески, Претседател на ОК Македонски Брод на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Решенија нудиме, решенија имаме. Денес сме овде собрани да ги слушнеме вашите идеи за обнова на Македонија. Сите ваши идеи понатаму ќе бидат преточени во нашата предизборна програма, а потоа ќе бидат преточени во проекти. Затоа уште еднаш од овде од Македонски Брод сакам да упатам една јасна и недвосмислена порака. Сите заедно да тргнеме во обнова на Република Македонија и да кажеме не на оваа ненародна власт која го урна Македонски Брод на работ на бездната.“