среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 69
home Општини

Ристески: СДСМ ги излажа граѓаните, градоначалникот Јовановски вети помали сметки за вода за 20 проценти, а сега со одлука на советот сметките се зголемија

Ристески: СДСМ ги излажа граѓаните, градоначалникот Јовановски вети помали сметки за вода за 20 проценти, а сега со одлука на советот сметките се зголемија

На деветата седница на советот на општина Прилеп на дневниот ред биле неколку спорни точки за опозицијата и власта, меѓутоа ниедна не ја разбранува јавноста онолку колку одлуката за зголемување на сметките за вода на прилепчани.

Вчера советот во кој мнозинство го има Социјал Демократскиот Сојуз го изгласа покачувањето на сметките за вода. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека токму СДСМ во предизборието ветувало сметки за вода помали за 20 проценти, а со вчерашната одлука граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки. Петар Ристески претседателот на ОК Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ вели:

,, На дело се гледа штетната и неискрена политика на СДСМ. Едно зборуваат кога се во опозицијам, а друго кога се на власт. Градоначалникот на Прилеп Илија Јовановски јасно и гласно им вети на граѓаните на општина Прилеп, 20 проценти пониски сметки за вода. На денешната седница на советот на општина Прилеп се изгласани точки на дневен ред со кои граѓаните на општина Прилеп во иднина ќе добиваат повисоки сметки за вода ’’

Имено сметките за вода во 2018 ќе останат непромените, но во 2019 година сметките ќе се покачат за 2 проценти и за 1.8 проценти во 2020 година. Цената на урбаните отпадни води е зголемена од 3 на 5.28 денари што претставува зголемување за 76 проценти.

Според Ристески несериозни се ваквите лаги и ветувања кои во предизборието служеле само за глас повеќе.

Коронавирус