петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 160
home Општини

Ристески: Роднина на градоначалникот на Прилеп поставен за директор на новоформирано ЈП за енергетика

Ристески: Роднина на градоначалникот на Прилеп поставен за директор на новоформирано ЈП за енергетика

Караванот си врви, опозицијата критикува, непотизмот и лажните ветувања кон прилепчани се повеќ добиваат потврда со работата на Советот и работата на градоначалникот на општина Прилеп, изјави денес  координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески по одржувањето на дваесеттата седница на Советот на Општина Прилеп.

-Ветувања од градоначалникот до граѓаните, брда и долини пред изборите, а сега празни ветувања, се носат одлуки на истите граѓани кои пред изборите беа лажени. Денес беше донесена одлука за формирање на претпријатие за енергетика. Ниту гасоводот е близу до Прилеп, ниту имаме потрошувачи корисници на гас за да се формира претријатие, посочи Ристески.

Тој истакна дека како опозиција не добиле одговор на прашање за тоа која е потребата за формирање на вакво претпријатие сега.

-Одговор немаше ниту од советниците, ниту од именуваниот директор на ова претпријатие. Беше кажано дека се работи за лице Игор Спирковски со адреса и самиот како што наведе бил во роднински врски со градоначалникот на Општина Прилеп. Најверојатно да си во роднинска врска со градоначалникот е единствен критериум за да се вработиш во општината и јавните претпријатија. ВМРО-ДПМНЕ како што претходно истакнуваше, се вработува внука, братучеди, зетови на градоначалникот, сега дојде нов роднина на градоначалникот да биде назначен за директор на Јавно претпријатие за енергетика, нагласи Ристески.

Коронавирус